Седница на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на седница ќе одлучува дали ќе биде отворен предмет за однесувањето на актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари. За изборниот процес има само една претставка...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на седница ќе одлучува дали ќе биде отворен предмет за однесувањето на актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари.
Претставката пред 10-тина дена стигнала до комисијата, по објавените аудио-снимки со тврдење дека се слуша неговиот глас како користи сексуални и понижувачки изрази кон жени вработени во општината.
За изборниот процес има само една претставка. Се однесува на повлечената листа за Град Скопје на националното движење на Турците, откако државната изборна комисија утврди дека на нивната советничка листа се наоѓа починато лице. Комисијата сè уште утврдува дали била направена дискриминација.
