Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Крушево наврнало 24 литри на метар квадратен...

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Крушево, а најмалку во Гевгелија.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Крушево наврнало 24 литри на метар квадратен, 18 – Тополчани, 12 – Прилеп, Битола, 10 – Берово, 8 – Скопје – Петровец, Виница, Крива Паланка, Кавадарци, 7 – Маврови Анови, 6 – Претор, Демир Капија, 5 – Пожаране, Куманово, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 4 – Струмица, Тетово, Попова Шапка, Штип, 2 – Велес, Ѓуриште, 1 – Гевгелија.
Најниската минимална температура била евидентирана на Попова Шапка, а највисоката во Гевгелија. Според податоците на УХМР од утрово, 1 – Попова Шапка, 3 – Маврови Анови, 5 – Лазарополе, 7 – Крушево, Куманово, 8 – Прилеп, Тетово, Крива Паланка, Виница, 9 – Штип, Берово, Скопје – Зајчев Рид, Битола, 10 – Велес, Скопје – Петровец, Претор, Кавадарци, Струмица, Демир Капија, 12 – Гевгелија.
