Џонатан Бејли прогласен за „Најсексапилен маж на денешнината“ за 2025 година
Актерот Џонатан Бејли, познат по улогите во „Bridgerton“ и „Wicked“, е прогласен за „Најсексапилен маж“ за 2025 година според магазинот „People“.
Актерот Џонатан Бејли, познат по улогите во „Bridgerton“ и „Wicked“, е прогласен за „Најсексапилен маж“ за 2025 година според магазинот „People“. Титулата беше објавена синоќа во емисијата на Џими Фалон.
„Ова е чест на животот“ изјави Бејли, шегувајќи се дека му е благодарен на Фалон што ја „одбил наградата“ за да може тој да ја добие.
Бејли стана светски познат со тв серијата „Bridgerton“, а како и филмовите „Wicked“ и „Jurassic World: Rebirth“.
Оваа година „People“ го одбележува 40-годишниот јубилеј од изборот на „Најсексапилен маж“, што за првпат му припадна на Мел Гибсон во 1985 година, а меѓу поранешните добитници се и Џорџ Клуни, Крис Еванс, Мајкл Б. Џордан, Харисон Форд и Патрик Демпси.
