САД

Колапс на воздушниот сообраќај во САД, погодени повеќе од три милиони патници

04.11.2025 12:16

Според организацијата „Авиокомпании за Америка“, проблемите ќе продолжат сè додека не се врати нормалното финансирање на Федералната управа за авијација...

Повеќе од 3,2 милиони патници во САД останаа заглавени на аеродромите поради хаосот од затворањето на американската влада на 1-ви октомври. Недостигот на контролори на летови доведе до сериозни доцнења и откажувања.

Според организацијата „Авиокомпании за Америка“, проблемите ќе продолжат сè додека не се врати нормалното финансирање на Федералната управа за авијација.

Демократите и републиканците и натаму без договор за финансирањето на социјалните, здравствените и транспортните услуги.