Сиљановска-Давкова на средба со Дорис Пак: Местото на Македонија е во ЕУ
„Разговорот беше спој на искуство и визија, на европски дух и женска сила“, нагласи претседателката. Таа додаде дека Пак, како долгогодишна поддржувачка на македонскиот евроинтегративен процес, има особено значајно искуство во време на сложени геополитички процеси што влијаат и врз самата Европска унија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари инспиративна средба со Дорис Пак, поранешна пратеничка во Европскиот парламент и легендарна претседателка на Асоцијацијата на жени при Европската народна партија.
На средбата, како што истакна Сиљановска-Давкова, се разговарало за значењето на културната дипломатија, за политиката како уметност на можното, како и за улогата на жените во современото општество.
„Разговорот беше спој на искуство и визија, на европски дух и женска сила“, нагласи претседателката. Таа додаде дека Пак, како долгогодишна поддржувачка на македонскиот евроинтегративен процес, има особено значајно искуство во време на сложени геополитички процеси што влијаат и врз самата Европска унија.
„Нејзината поддршка, за мене, е потврда дека местото на македонската држава е во Европската унија“, порача Сиљановска-Давкова.
