Образование

Се подготвува нова стратегија за образование

06.11.2025 12:29

Нова стратегија за образование што ќе го опфати периодот од 2026 до 2032 година. Со неа треба да се подигне квалитетот на високото образование, да се овозможи поголема инклузивност, да се стави фокус на средното стручно образование. Светска банка, пак, ќе помогне во креирањето работни места, кои се клучни за намалување на сиромаштијата, но и за поддршка на продуктивните индустрии кои бараат прилагодување...

Светска банка ќе помогне во креирањето работни места, кои се клучни за намалување на сиромаштијата, но и за поддршка на продуктивните индустрии кои бараат прилагодување, нови дигитални вештини, критичко размислување и способност за учење во текот на целиот живот. Со ова треба да ѝ се помогне на Македонија која се соочува со намален број работници, демографскиот пад и иселување. „ваквата реалност бара стратешки одговор“, велат од Светска банка.

„Стратегијата за образование не е само технички документ кој ќе заврши во фиока. Тој е рамка што ќе ја поставува насоката во која ќе се движи нашето образование во следната деценија. Да се создадат вештини и компетенции неопходни за еден растечки и брзопроменлив пазар на труд. Затоа оваа стратегија не треба да зборува само за образовни институции и училишта, туку и за економија, за пазар на труд, и за општество што инвестира во секој човек. Генерациите што доаѓаат да бидат конкурентни и двигатели на развој и иновации“, посочи Бојана Нацева, виш специјалист за образование при Светска банка.

Се подготвува нова стратегија за образование што ќе го опфати периодот од 2026 до 2032 година. Со неа треба да се подигне квалитетот на високото образование, да се овозможи поголема инклузивност, да се стави фокус на средното стручно образование.

„Образованието е скапа работа, меѓутоа вредноста на квалитетот на образованието нема цена и затоа остануваме фокусирање на подигнување на квалитетот на образованието. Започнавме многу паралелни промени затоа што во минатото имавме застој, за што доказ ни се ПИСА и останатите меѓународни тестирања. Репортите од ЕУ и други документи. Сериозно ќе поработиме за подигнување на квалитетот на високото образование. Оваа стратегија ја работиме со многу партнери и таа ќе овозможи континуитет кој во минатото го немаше“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Стратегијата треба да помогне да се изгради образование коешто ќе ги поддржува младите и ќе ги зајакне институциите.

Александра Спировска