Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Скопје, од вечер почнува голема акција за чистење на градот
Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува голема акцијата за чистење на градот...

Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува голема акцијата за чистење на градот, како што вети во предизборната кампања.
„Она што го ветив за време на кампањата пред моите сограѓани, останувам на тоа дека првата активност ќе започне токму денес. Околу 20 часот кај салата „Борис Трајковски“ екипите ќе бидат спремни да започнеме со чистење на градот, за 72 часа да го исчистиме Скопје. А веќе од утре, почнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат“, најави Ѓорѓиевски.
Тој изрази благодарност за секоја поддршка, за секој скопјанец што во него препознал искреност, посветеност и дела зад зборовите.
