МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОСЕДНИТЕ ДРЖАВИ

Сојузот „Македон“ бара правда од Стразбур за бугаризацијата на македонското малцинство во Албанија

09.11.2025 17:29

Македонците во соседните држави сè уште се соочуваат со непризнавање. Одлуките на Европскиот суд за човекови права во корист на Македонците во Бугарија не се спроведуваат. Сојузот „Македон“ поднесе претставка до судот во Стразбур за обидот за бугаризација на македонското малцинство во Албанија.

Бугарија не дозволува формирање македонски здруженија и не го признава македонското малцинство. И покрај позитивното решение на судот во Стразбур, проблемот не е надминат.

Пред очите на цела меѓународна заедница се негира постоењето на македонското малцинство, заради што Сојузот „Македон“ поднесе 109 претставки до меѓународните судови. Една од нив е за обидите за бугаризација на македонското малцинство во Албанија.

Правата на Македонците надвор од државата денес беше тема на триесеттата семакедонска средба во Штип во организација на Здружението „Мирка Гинова“ и Сојузот „Македон“.

Славица Величковска