Временска прогноза

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

10.11.2025 08:10

Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m2 за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m2 за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.