Денеска ќе се одржи свечена заклетва на 29-та класа на питомци – студенти и слушатели на Воената академија во Скопје
На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска ќе се одржи свечена заклетва на 29-та класа на питомци – студенти и слушатели од курсот за офицери и штабни службеници.

На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска ќе се одржи свечена заклетва на 29-та класа на питомци – студенти и слушатели од курсот за офицери и штабни службеници.
Како што информираат од Министерството за одбрана, на одржувањето на свеченоста ќе се обратат претседателката и врховен командант на армијата, Гордана Силјановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и деканот на воената академија, полковник проф. д-р Ненад Танески.
На настанот ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали, високи претставници од Министерството за одбрана и армијата, претставници од воено – дипломатскиот кор.
