Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

12.11.2025 08:01

Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.