Во Владата средба Мицкоски – Де Грот и потпишување договор за соработка со ЕИБ
Денес во Владата премиерот Христијан Мицкоски ќе има состанок со заменик-претседателот на Европската инвестициона банка (ЕИБ), Роберт Де Грот, во просториите на Владата. По завршувањето на состанокот, според најавата од владината прес-служба, ќе се изврши потпишување на спогодба за соработка...

Денес во Владата премиерот Христијан Мицкоски ќе има состанок со заменик-претседателот на Европската инвестициона банка (ЕИБ), Роберт Де Грот, во просториите на Владата. По завршувањето на состанокот, според најавата од владината прес-служба, ќе се изврши потпишување на спогодба за соработка.
Потоа, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе одржи заедничка прес-конференција со заменик-претседателот на Европската инвестициона банка, Де Грот.
