Научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
На свеченото отворање поздравни обраќања ќе имаат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот, проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и проф. д-р Лидија Тантуровска, претседателка на Македонското ономастичко одделение (МОО).

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје е домаќин на 10-тата Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“.
На свеченото отворање поздравни обраќања ќе имаат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот, проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и проф. д-р Лидија Тантуровска, претседателка на Македонското ономастичко одделение (МОО).
Во рамките на настанот ќе биде промовиран и Зборникот од 9-тата Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“.
