Осуда од ЕУ за корупцискиот скандал во Украина
Калас, изјави дека скандалот со корупција во Украина е крајно несреќен и дека е важно да се сфати сериозно во Киев. Имено, во тек е голема истрага за перење пари во енергетскиот сектор во висина од 100 милиони долари, вмешани се сегашни и поранешни функционери.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека скандалот со корупција во Украина е крајно несреќен и дека е важно да се сфати сериозно во Киев.
Имено, во тек е голема истрага за перење пари во енергетскиот сектор во висина од 100 милиони долари, вмешани се сегашни и поранешни функционери. Разрешен е министерот за правда, министерката за енергетика си поднесе оставка.
На фронтот и изминатото деноноќие жестоки борби.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г7 на состанокот во Нијагара, на канадско-американската граница, истакнаа дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и да вршат притисок врз Русија, а Канада објави нови санкции кон Москва.
