Одбележан Светскиот ден на дијабетот
14 ноември е Светски ден на дијабетот. Медицински тим од Центарот за јавно здравје-Битола вршеше бесплатно мерење на шеќер во крвта и советодавни консултации со граѓаните за ризик факторите, но и симптомите коишто не смејат да се игнорираат.

Постојан замор, болки во нозете, смалена концентрација и зголемена жед биле симптомите кои ја поттикнале Билјана Костовска да го исконтролира своето здравје. Информацијата дека има дијабет тип два, ја изненадила.
Во Битола, 22 проценти од пациентите се веќе на инсулинска терапија. Се апелира на редовни контроли за да се спречат здравствени компликации.
И пациентите со дијабет очекуваат подобрувања во здравствениот систем. Здруженија на дијабетичари се во преговори со Министерството за здравство за побрзо воведување на современи лекови и во нашата земја, но и софистицирана медицинска апаратура за рано дијагностицирање на дијабетот.
Ружица Ѓоршевска
