Целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во општина Аеродром
Улицата ќе добие двослоен асфалт, нови рабници и уредени тротоари, создавајќи безбеден, чист и функционален простор за сите минувачи...

Во насока на унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за движење на граѓаните, Град Скопје започнува со реализација на целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во општина Аеродром.
Денес, заедно со градоначалникот Дејан Митески и новиот директор на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, го означивме почетокот на овој значаен инфраструктурен зафат. „Фрањо Клуз“ е улица која игра клучна улога во урбаниот дел на општината, сообраќајница што секојдневно ја користат илјадници граѓани. Станува збор за улица која со години е оставена на забот на времето, небезбедна, оштетена и запоставена. Денес ставаме крај на таа слика. Ова е улица што одамна го заслужуваше вниманието, а денес тоа конечно и го добива, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Со овој зафат, улицата ќе добие двослоен асфалт, нови рабници и уредени тротоари, создавајќи безбеден, чист и функционален простор за сите минувачи.
