Студентите добиваат ваучери за електронски уреди
Објавен е јавниот повик за доделување ваучери за студентите. Ќе добијат по 15.300 денари за набавка на компјутери, лаптопи или таблети. Право на аплицирање имаат сите студенти на прв циклус студии, редовно или вонредни, кои се државјани на Македонија и не се постари од 29 години. Апликациите се поднесуваат електронски, преку порталот uslugi.gov.mk…

Студентите да се пријават на јавниот повик за доделување ваучери од 15.300 денари за набавка на електронски уреди. Премиерот Христијан Мицкоски ги повика да аплицираат на повикот, кој ќе биде отворен до 20-ти декември.
За реализација на оваа мерка, чекавме да завршат изборите, за да не биде протолкувана како неетичка, вели Мицкоски.
Студентите задоволни од владината мерка. Едногласно најавија дека ќе аплицираат на повикот.
Право на аплицирање имаат околу 55.000 студенти, редовни и вонредни во прв циклус на студии. Условот е да се македонски државјани и да не се постари од 29 години. На јавниот повик може да се аплицира преку националниот портал за е-услуги, uslugi.gov.mk.
Марија Котовска
