81 година од Првата егејска македонска ударна бригада
По повод 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола како и делегација од општината предводена од градоначалникот Коњановски и од битолскиот совет традиционалното положија свежо цвеќе пред споменикот каде што е формирана истата …

Како петгодишно дете носен на грб од постарите браќа и сестри Петре Караваков од селото Пожарско во Воденскиот крај сменил многу животни дестинации до крајната во Прилеп. Со солзи во очите раскажува за животните патешествија како дете бегалец од Егејскиот дел на Македонија.
Сојузот на децата бегалци апелираат ова никогаш да не се заборави. Повикуваат на семакедонско обединување и застануваат во одбрана на човековите права и слободи на Македонците од Егејскиот и од Пиринскиот дел на Македонија како и од Мала Преспа. Очекуваат, Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур да донесе уште една пресуда во корист на Македонците од Пиринска Македонија, нагласи Јаневски во своето обраќање.
По повод 81 година од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола со делегација од општината како и од Советот на градот положија свежо цвеќе пред споменикот каде што пред осум децении била формирана истата.
Ружица Ѓоршевска
