Собрание

СДСМ и Левица поднесоа предлог за формирање анкетна комисија за трагедијата во „Пулс“

18.11.2025 16:03

За кочанската трагедијата ќе се дебатира и во Собранието. СДСМ и Левица го поднесоа предлогот за формирање анкетна комисија и побараа поддршка од сите пратеници. Власта ја прифати фрлената ракавица, но ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе бара, анкетната да се прошири на сите трагедии за кои немаше одговорност...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа барањето за формирање Анкетна комисија и надзорна расправа за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, кое е едно од клучните барања на семејствата на жртвите. Сепак, од владејачката партија бараат расправата да се прошири и за другите трагедии кои се случија во земјава, а за кои немаше одговорност.

„Левица“ со критика до социјалдемократите, кога имале можност не се потпишале на петицијата за формирање на Анкетната комисија и за организирање на надзорна расправа. Прашаа зошто СДСМ чекале досега за ваква иницијатива. За почетокот на декември ќе се закаже комисиска расправа за кочанската трагедија.

Лидерот на социјалдемократите го најави предлогот до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедија во „Пулс“.

Филипче ги повика сите пратеници да ја поддржат иницијативата.

Викторија Милевска