Политика

Села испорача три клучни услови за влез во Владата

18.11.2025 17:14

Зијадин Села најави и реорганизација на Алијансата за Албанците, како и напуштање на коалицијата НАИ...

Уставни измени за деблокада на европскиот пат, отстранување на формулацијата 20% за албанскиот јазик во уставот, и одлучувањето со Бадентер и во Уставниот суд. Ова се трите услови на Зијадин Села за негов влез во Владата.

Тој најави реорганизација на Алијансата за Албанците, како и напуштање на коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, објаснувајќи дека таа била составена само за локалните избори.