Прво рочиште за случајот „Пулс“, родителите бараат правда и транспарентност
„Ќе дојдеме до правдата, само да има трпение и дисциплина“ – судските органи во почетокот од процесот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Родителите очекуваат одговорност, иако по самиот почеток на случајот, стануваат и скептици. Во судницата и надвор од неа, силно полициско обезбедување…

Се наполни судницата во Идризово. Почна судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Судијката Диана Груевска-Илиевска рече дека не може да гарантира за интензитетот на водењето на постапката, затоа што секое брзање може да доведе до грешка и до пропаѓање на процесот. Побара редовност и дисциплина од вклучените во случајот.
„Не можеме да ви гарантираме брзина во судењето, но ќе направиме сè, процесот да се одвива непречено. Не знаеме колку ќе трае, можеби пет месеци или можеби пет години“, рече судијката Диана Груевска-Илиевска.
На почетокот на денешното судење, судот одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“.
Родителите очекуваат одговорност, иако по самиот почеток на случајот, стануваат и скептици.
Известуваат Анита Димитријевска-Велковска и Марина Стојанова-Тонева
