Пресудата за „двојното убиство“ пет месеци во судски лавиринти
Пресудата за доживотен затвор за четворица обвинети за убиствата на младата Вања и велешанецот Панче, пет месеци талкаше во судските лавиринти. Казните судот ги изрече во јуни, а отсега почнуваат да течат рокови за жалби...

5 месеци беа потребни, Кривичниот суд – Скопје да ја достави пресудата за случајот за двојното убиство на малолетната Вања и пензионерот Панче. Бранителите на осудените реагираат дека судот бавно им го доставил документот, по што почна да тече рокот од 15 дена да поднесат жалба до Апелација.
Нема законски рок за доставување на пресудите, но за судски случаи за кои има голем интерес би требало побрзо да тече процедурата, особено што осудените се во затвор, а нивните адвокати имаат и електронска пошта, велат од Коалицијата за правично судење.
Обвинителството поднесе жалба со која се бара укинување на ослободителната пресуда за таткото на Вања.
Ирина Гелевска
