ИЗВЕСТУВАЊЕ

26.11.2025 09:29

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои им е одобрено барањето за полагање на стручниот испит за осигурителни брокери, дека првиот дел – теоретски дел  од стручниот испит за осигурителни брокери ќе се одржи во периодот 23.12.2025-25.12.2025 година од 09:00 до 16:00 часот, а вториот дел – практичен пример од стручниот испит за осигурителни брокери ќе се одржи во периодот 20.01.2026-21.01.2026 година од 13:00 до 15:00 часот.

Стручните испити ќе се одржат во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:

Зграда на Македoнска Радио Телeвизија, 10-ти кат, ул. Гоце Делчев бр.18, 1000 Скопје  

Подетални информации во врска со одржувањето на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето, односно осигурителен брокер можете да добиете на web страната на Агенцијата за супервизија на осигурување www.aso.mk или на телефонскиот број 02 3254 050