Се кристализира името што ќе ги пополни испразнетите места во Владата, нови ресори ќе нема-потврди Мицкоски
До крајот на неделава или најдоцна во почетокот на идната, премиерот Мицкоски до Собранието ќе ги достави персоналните решенија за испразнетите места во Владата. Од коалицискиот партнер „Вреди“ ги доставиле предлозите. Нови ресори ќе нема, потврди Мицкоски. Како и досега, вицепремиерот ќе биде и министер...

Секој во владината коалиција останува со ист број на ресори појасни Мицкоски, посочувајќи дека нема да има министер плус за никој од партнерите. За сега во оптек се неколку кандидати кои ќе го пополнат испразнетото вицепремиерско место и она за животна средина. Се споменуваат имињата на Беким Сали, но и Мухамет Хоџа. Шефот на Владата директно не ги посочи, но не се исклучува можноста за внатрешна рокада од министерство во министерство.
Премногу се мали шансите, вели премиерот на пролет да се одржат предвремени парламентарни избори иако тоа гледано, како што вели тој теснопартиски многу би одговарало на неговата коалиција. Сепак насочени се кон подобрување на стандардот на граѓаните.
Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ го подготвува конгресот за декември, но и коалициски се подготвува за изборите на 11-ти јануари во четирите општини каде не беа избрани градоначалници.
Миле А. Ристески
