Вонсудско решавање на споровите

Министерството за правда подготвува измени на Законот за медијација

26.11.2025 17:23

Министерството за правда крчка измени на Законот за медијација со кои оваа алатка за вонсудско решавање на споровите ќе ги растовари судовите од илјадници заостанати предмети. Идејата е да се применува во бракоразводни парници, во споровите поврзани со животната средина, здравствената заштита …

Со измени на Законот за медијација, Министерството за правда ќе ги пополнува празнините со кои се соочува вонсудското решавање на споровите. Целта е сите предмети кои може да се решат по пат на дијалог да го заобиколат судот, а судиите да делат правда само во сложени и сериозни предмети.

Со обуки на судиите се вклучува и Судскиот совет. Точно ќе се знае во кои случаи медијацијата ќе биде задолжителна, а странките ќе се упатуваат чаре за спорот да бараат надвор од судот. Ако не се договорат, тогаш ќе пресече судијата.

Акцент ќе се стави на медијација за споровите во делот на осигурувањето, здравствената заштита, човековите права.

Се очекува до Нова година да се рестартира и Комората на медијатори.

Анита Димитријевска – Велковска