Стратешкото единство не е политички избор, туку визија за интегриран пристап
Единство, координација, долгорочна стратешка усогласеност со партнерите – ова е приоритет за справување со предизвиците во глобалниот мултиполарен поредок, заклучок од конференцијата во Министерството за надворешни работи…

Војната во Украина предизвикаа непредвидени закани на европскиот континент кои бараат зајакнување на стратешкото партнерство и одбраната – во фокусот на дебатата за приоритетите на НАТО и ЕУ. Шефот на дипломатијата Муцунски нотираше дека во Западен Балкан има засилени активности со антиевропски наративи, кои ја загрозуваат безбедноста. Истакна дека стратешкото единство не е политички избор, туку визија за интегриран пристап, и посочи дека сега е моментот за политичка одлучност која ќе обезбеди стабилност во регионот.
Германската амбасадорка Петра Дрекслер со став дека само силна и обединета Европа може да гарантира мир. Во тој контекст, таа ја истакна стратешката цел на ЕУ-проширувањето на Унијата.
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, во тој контекст посочи дека долгото одложување на пристапните преговори резултира со пораст на евроскептицизмот во земјава.
Заменик-генералниот секретар Радмила Шекеринска, ја потенцираше поддршката на Алијансата кон Украина. Вели дека фокусот е на заедничките одбранбени капацитети во соработка со ЕУ, креаторот на надворешната политика и финансиската поддршка.
Американската амбасадорка со став „мирот не е гарантиран без трошоци“. Таа порача дека сојузниците во Алијансата секој одделно, треба да се посветат на зголемување на буџетот и капацитетите за одбрана, а со тоа и НАТО ќе биде посилен.
Професорот од Факултетот за безбедност, Ѓуровски ја нагласи потребата од приспособување на геополитичките промени.
Учесниците на дебатата дискутираа и за економското влијание на Кина, нејзиниот брз техничко-технолошки развој, како и стратегиите и мерките за негово намалување.
Марина Стојанова-Тонева
