ДСЗИ ја затвори кујната во ОУ„Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае, по сомнежот за труење на ученици
Земени брисови од вработени и мостри од храна и вода, хоспитализирани на Детската клиника – ова е епилогот во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ по влезот на инспекторите откако ученици се пожалиле на симптоми на труење. Надлежните ги чекаат резултатите од епидемиолошките анкети за да се утврди изворот.

Стотина деца не дојдоа на настава во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош. Дека децата имаат стомачни болки и повраќање, уште вчера родителите ја информирале директорката. Најголем број од дојавите биле за ученици од пониските одделенија. Тие вчера во училиштето појадувале млеко со корнфлекс, а за ручек имале мусака.
Од десетина деца што вчера и денеска побарале лекарска помош на Детската клиника. Три се задржани на болничко лекување.
Иако во јавноста се проширија информации за хоспитализирани деца на Инфективната клиниката, директорот Фадил Цана ги демантира ваквите наводи, за МТВ вели нема хоспитализирани ученици од „Димо Хаџи Димов“.
Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, Институтот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршија вонреден инспекциски надзор во училиштето.
Додека да се добијат конечните резултати и да се дознае причината за труењето кај децата, наставата продолжува да се одвива. Здравствените власти до училиштето издале препорака задолжително да се користат средства за дезинфекција. Досега до директорката ниту еден од вработените нема пријавено дека има симптоми на труење.
Наташа Јанчиќ - Менковски
