Жена загина, маж е повреден во напад на ајкула во Австралија
Ајкула усмрти жена и сериозно повреди маж додека се капеле во Националниот парк „Крауди Беј“ на источниот брег на Австралија...

Ајкула усмрти жена и сериозно повреди маж додека се капеле во Националниот парк „Крауди Беј“ на источниот брег на Австралија. Очевидец им помогнал пред да пристигнат екипите на брзата помош, но жената починала на лице место, а мажот е префрлен во болница во сериозна, но стабилна состојба.
Полицијата соопшти дека нападот бил случаен. Експертите велат дека ајкулите ретко напаѓаат повеќе лица. Плажата е затворена, а капењето забрането.
„Итните служби беа повикани на плажата во заливот Кроуди. По пристигнувањето, еден човек веќе им пружал помош на две лица каснати од ајкула-маж и жена, на отприлика 20-годишна возраст, но за жал жената почина на местото на настанот. Мажот, претрпел сериозни повреди, во критична состојба е префрлен во болница“, информираше главен инспектор Тимоти Бејли од полиција на Нов Јужен Велс.
