мониторинг

Злоупотреби на административните ресурси во изборите

30.11.2025 14:15

Стигна прелиминарниот извештај по првиот мониторинг за злоупотреби на административните ресурси во изборите. Во руралните, мултиетнички општини злоупотребите се поголеми, но изненадува дека ретко се злоупотребуваа службени возила. Има и препораки…

Во речиси една третина од мониторираните преку 1.000 изборни настани, се злоупотребиле јавните локални објекти за логистика, складирање, но и за промоција на партиските кандидати. Најчесто биле користени детски градинки, училишта, културни домови, административни згради, музеи, галерии. Имало и злоупотреби на јавни функции, а помалку на службени возила, стои, меѓу другото, во прелиминарниот извештај за злоупотребите на административните ресурси за време на локалните избори. Во 26 општини следеа 70 набљудувачи од 10 граѓански здруженија.

Извештајот има и препораки за санкционирање на прекршителите, законски рамки што и кога јавен објект може да се користи, контрола на објави.

Ќе се изготви и конечниот извештај. Ќе го добие и ДИК. Набљудувањето продолжува за реализацијата на предизборните ветувања.

Елизабета Митреска