За еден месец 101 санкции за непрописно вградени фолии
Најголем дел се регистрирани на подрачјето на СВР Тетово – 45 и СВР Куманово – 22. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци.
Во текот на минатиот месец, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат пропишаните стандарди за затемнување на стаклата на возилата.
При контролата санкционирани се 101 учесници во сообраќајот. Најголем дел се регистрирани на подрачјето на СВР Тетово – 45 и СВР Куманово – 22. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци.
Контролите продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.
