Општина Сарај исплаќала илјадници евра субвенции и паушали без приложени фактури, покажува ревизорскиот извештај
Ангажирала лица со договор на дело со месечни паушални исплати за речиси 100 илјади евра...

Речиси половина милион евра исплатила општина Сарај минатата година за субвенции на јавни претпријатија без програма и приложени фактури. Ангажирала лица со договор на дело со месечни паушални исплати за речиси 100 илјади евра. Финансирала здруженија и поединци со над 70 илјади евра без извршена евалуација и правилник со критериуми за распределба на парите – покажува ревизијата за финансиското работење на општината.
Ревизорите открива дека Сарај има неевидентиран имотен лист, инфраструктурни објекти кои се користат без технички прием. Нотирано и дека спортско – рекреативниот објект и базен во Сарај се дадени под закуп на период од 25 години без спроведување на законски потпишаната постапка за долгорочен закуп.
