Политика

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

06.12.2025 08:45

Освен избор на претседател, се очекува на Конгресот да биде донесена и стратегијата „Македонија 2030“...

Денеска во Кавадарци се одржува 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува да биде реизбран актуелниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски кој е и единствениот кандидат за функцијата.

На конгресот што се одржува под мотото „Визија што гради држава, генерацијата што доаѓа 2030“, се очекува да присуствуваат 2.600 лица. Од нив над 850 се делегати, а повеќе од 1.800 ќе бидат гости.

Освен избор на претседател, се очекува на Конгресот да биде донесена и стратегијата „Македонија 2030“.