Британска амбасада: Соработуваме со Северна Македонија во борбата против нерегуларната миграција
Во меѓувреме, владата негира дека води преговори со Велика Британија за прифаќање на мигранти кои се одбиени за азил, а кои во земјава би биле депортирани.

По пишувањата на дел британски медиуми дека владите на Велика Британија и на Македонија преговараат за префрлање одбиени баратели на азил од првата во втората земја, се огласи Британската амбасада во Скопје преку својот официјален профил на „Икс“.
Напиша дека Британија и Македонија воспоставиле стратешко партнерство што се фокусира на градење долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка за да се продлабочи соработката и да се засили стабилноста и просперитетот на двете земји. Се додава дека двете држави соработуваат во борбата против нерегуларната миграција.
Во меѓувреме, владата негира дека води преговори со Велика Британија за прифаќање на мигранти кои се одбиени за азил, а кои во земјава би биле депортирани.
Единствената вистина е таа што ја кажа и амбасадорот на Британија во Македонија, Метју Лосон во јавна изјава во мај, кога категотично ги отфрли тврдењата дека Македонија ќе прифаќа мигранти, вели Митева.
Социјалдемократскиот сојуз, пак, обвинува за тајни договори на владата со Британија. Со ова предавство државата станува отпад на периферијата на Европа, а Македонија се претвора во мигрантски камп, за пари, стои во соопштението на СДСМ.
