Македонија

Нов протестен марш во Кочани

06.12.2025 09:16

Маршот за ангелите ќе почне од Паркот на револуцијата и ќе продолжи по улиците на градот Кочани.

Во Кочани денеска најавен нов протестен марш на родителите и роднините на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Маршот за ангелите ќе почне од Паркот на револуцијата и ќе продолжи по улиците на градот Кочани.

Родителите јавно порачаа дека нема да замолчат и ќе продолжат да бараат правично судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во којашто животот го загубија 63 млади луѓе.