Скопје

Започна отстранувањето на билбордите од железничката станица за враќање на автентичниот изглед

07.12.2025 15:56

Директорот на МЖ Инфраструктура, Ивановски, информираше дека се отстрануваат сите билборди, светлосни и информативни реклами кои со години го нарушувале автентичниот изглед на станицата.

МЖ Инфраструктура започна акција за ослободување на просторот околу железничката станица и враќање на нејзиниот оригинален изглед. Директорот на МЖ Инфраструктура, Ивановски, информираше дека се отстрануваат сите билборди, светлосни и информативни реклами кои со години го нарушувале автентичниот изглед на станицата.

„Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација,“ напиша Ивановски на својот фејсбук профил, додавајќи благодарност до компаниите кои се согласиле доброволно да ги тргнат своите реклами.

Ивановски најави дека работите ќе продолжат и во наредните фази.