Реакции за постапката за разрешување на Коцевски
Владата и формално ја продолжи постапката за разрешување на републичкиот обвинител Коцевски, бидејќи смета дека на тој начин ќе се направи чекор кон враќање на довербата во правната држава, притоа забележувајќи дека Коцевски направил крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство...

Откако владата и формално ја продолжи постапката за разрешување на републичкиот обвинител Коцевски, бидејќи смета дека на тој начин ќе се направи чекор кон враќање на довербата во правната држава, притоа забележувајќи дека Коцевски направил крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, се огласи и опозицијата.
СДСМ нема да го поддржи предлогот за разрешување на Коцевски, бидејќи смета дека не треба да се врши притисок врз правосудните органи, туку е потребно да се спроведат реформите.
Претседателката не го коментираше потегот на власта за разрешување на Коцевски, но вели – на Македонија и се потребни системски реформи, кои треба да почнат со законот за Судскиот совет.
