Рочиште
Продолжи судењето за случајот „Пулс“
10.12.2025 13:12
По седницата на Постојаната анкетна комисија, на која родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ се погледнаа очи в очи со власта, денеска, ново соочување со обвинетите во процесот.

По седницата на Постојаната анкетна комисија, на која родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ се погледнаа очи в очи со власта, денеска, ново соочување со обвинетите во процесот. Во големата судница во затворот „Идризово“ продолжи судењето. Својата одбрана ја даваат градежен инспектор, поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, екс-министрите за економија.
Наташа Јанчиќ-Менковски го следи процесот.
