Македонија
УХМР: Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
15.12.2025 18:58
Како што соопшти УХМР, утре минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните ќе достигнат од 7 до 13 степени.

До крајот на седмицата во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Како што соопшти УХМР, утре минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните ќе достигнат од 7 до 13 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -5 степени, а максималната ќе достигне до 7 степени Целзиусови.
