Експерти: НАТО не може да ја прескокне Македонија
Случувањата во Украина и состојбата во Авганистан го истисна проширувањето - согласни се експертите...

И покрај најавите на Хилари Клинтон 2008-та во Букурешт, дека тоа е последен Самит на НАТО без проширување, се случија и други на кои проширувањето не беше на Агендата. Тоа е затоа што проширување не може да има без Македонија смета екс амбасадорот Ристо Никовски Дециден е - НАТО сами се доведоа во ќор-сокак.
„Ако одат на проширување не можат да ја прескокнат Македонија и резултатот е што го бришат тоа од дневниот ред, а тоа не можат вечно. На следниот или на другиот Самит пак ќе мора да дојдат до таа точка, а дотогаш веројатно ќе бараат некое решение за Македонија“, вели Ристо Никовски, амбасадор.
Случувањата во Украина и состојбата во Авганистан го истисна проширувањето - согласни се експертите. Сметаат дека на повидок е нова студена војна токму поради руско украинската криза. Сега НАТО сака да создаде нова слика за себе наметнувајки се како гарант на глобалната безбедност на земјите членки - вели Еекс амбасадорот на Македонија во НАТО Нано Ружин.
„Гледаме дека границите на НАТО се приближуваат кон Русија што за многумина беше еден вид на знак дека светот влегува во некоја увертира на нова студена војна иакотоа никој не го зборува, меѓутоа доколку оваа криза со Украина продолжи секако дека можеме да очекуваме едно големо затегање на односите и мислам дека геополитиката се повеќе ќе доаѓа до израз. Како и да е сите денес сме соочени со опасностите, предизвиците“, вели Нано РУжин, екс мабасадор во НАТО.
Студената војна почна со кризата во Украина дециден е Никовски. Целта според него е изолирање на Русија за таа да се занимава со своите внатрешни проблеми и проблемите во своето соседство. Но грешката според него за ова ја направи Европа принудувајки го Киев да избира или Москва или Брисел.
Лидија Чакар
