Новогодишно украсување на Скопје
Скопје ќе блесне во новогодишен сјај. Вечерва се палат празничните светилки. До најлудата ноќ – на градскиот плоштад, разни настани, музички настапи и забава за сите генерации...

Зимска новогодишна бајка во главниот град. По теркот на светските метрополи, новогодишниот дух се разбуди и во Скопје, со елка, божикен пазар и многу украси.
Од денеска до 31 декември се очекува секојдневна музичка богата програма, многу настани за сите генерации.
Граѓаните очекуваат Скопје да пулсира и да живее во полн празничен ритам.
Празничниот дух повторно се враќа во срцето на градот велат градските власти кои најавуваат и спектакуларна новогодишна ноќ.
Новогодишната ноќ ќе биде одбележана со настапи на македонски музички изведувачи.
Посетителите на плоштадот во наредните денови ќе имаат и можност да ги слушнат талентираните средношколци од повеќе училишта од градот, кои ќе настапат со свои музички изведби и свои бендови.
Ана Јосифоска
