Едукација против врсничкото насилство
Врсничкото насилство или булингот, останува како проблем. Според психолозите од тројца млади еден или бил жртва или учествувал во насилство. Училиштата гледаат излез преку едукација на учениците, иако меѓу причините за насилството е домашното воспитување …

Бисера Стојаноска од прилепското електромашинско училиште била сведок на врсничко насилство. Не сакала да молчи.
Вербално, физичко, сајбер насилство. Не може да се замиже пред врсничкото насилство.
Врсничкото насилство е во подем, сметаат психолозите.
Но, сега почесто се говори, жртвите, а и насилниците доаѓаат на психолог. За причините се посочуваат родителите и домашното воспитување.
Младите сакаат да застанат на патот на насилството.
Резултати дава училишната едукација преку работилници, поттикнати од ресорното министерство и невладините. Во прилепското електромашинско училиште се регистрираат три до четири случаи годишно.
За врсничкото насилство треба да се говори и да се едуцира.
Елизабета Митреска
