Светна новогодишната елка на плоштадот „Македонија“
Со свечено осветлување на новогодишната елка и отворање на божиќниот маркет, попладнево и официјално отворена празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“...

Празничната магија пристигна во Скопје, а овде, во срцето на македонската престолнина, на плоштадот „Македонија“, светна и новогодишната елка, со што официјално беше означен почетокот на новогодишната програма „Скопје – зимска новогодишна бајка“.
Граѓаните задоволни од новогодишната декорација на главниот град.
До Нова година, на плоштадот „Македонија“, секој ден ќе има богата културно-уметничка програма, а отворен е и божиќниот базар. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вели дека негова желба е годинава да настапуваат само македонски изведувачи.
Изведувачите кои ќе настапуваат на централната новогодишна програма, најавија незаборавни мигови.
Главниот град ќе биде накитен до 18-ти јануари.
Марија Котовска
