Разрешувањето на Коцевски пред пратениците
Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на пленарна седница. Сè уште нема потврда дали Коцевски ќе се обрати пред пратениците. Од „Илинденска“ велат дека Коцевски направил крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, неовластено изнесувал информации и податоци за судски предмети, со што ја повредил постапката за заштита на тајноста, нарушувајќи го угледот на Обвинителството...

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на пленарна седница. Сè уште нема потврда дали Коцевски ќе се обрати пред пратениците. Од „Илинденска“ велат дека Коцевски направил крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, неовластено изнесувал информации и податоци за судски предмети, со што ја повредил постапката за заштита на тајноста, нарушувајќи го угледот на Обвинителството.
Изборот на нов државен обвинител ќе биде на јавен оглас. Пријавувањето е во рок од 15 дена од неговото објавување. По добиеното мислење од советот на јавни обвинители, Владата го предлага кандидатот до Собранието.
