Македонија

Конференција „Достоинствена работа – вистинскиот пат кон праведно општество“

18.12.2025 08:49

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје денеска ќе се одржи конференција на тема: „Достоинствена работа – вистинскиот пат кон праведно општество“...

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје денеска ќе се одржи конференција на тема: „Достоинствена работа – вистинскиот пат кон праведно општество“.

На конференција ќе се обратат заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, раководителот на Катедрата по трудово и социјално право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје проф. д – р Лазар Јовевски, претседателката на Организација на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска, претседателот на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралпоски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и Миле Бошков – извршен претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.