Мицкоски: Рабориме на реформската агенда
Грешката што ја направија социјалдемократите со измените на Кривичниот законик, а со која амнестираа нивни функционери, ние ќе ја исправиме, дециден премиерот Христијан Мицкоски. Владата интензивно работи на реформската агенда, а измените на кривичниот и на законот за Судскиот совет веќе се во собраниска процедура...

Грешката што ја направија социјалдемократите со измените на Кривичниот законик, а со која амнестираа нивни функционери, ние ќе ја исправиме, дециден премиерот Христијан Мицкоски. Рече дека Владата интензивно работи на реформската агенда, а измените на кривичниот и на законот за Судскиот совет веќе се во собраниска процедура.
Во однос на евроинтеграциите Мицкоски уште еднаш повтори дека Македонија е пример како билатерализација на процесот може да го попречи членството на една земја во Европската Унија. Според него, добро е за граѓаните од регионот што се дел од оптиката со која Унијата гледа на Западниот Балкан, но смета дека напредокот треба да се мери преку реални критериуми.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта го повтори ставот дека местото на Западниот Балкан е во Европа, но како што рече проширувањето не е трка или натпревар меѓу кандидатите, туку процес заснован на заслуги.
„Во однос на Северна Македонија, ги поздравуваме чекорите за зајакнување на регионалната поврзаност и се надеваме на вистински напредок во 2026 година. Надлежните власти знаат што треба да направат“, изјави Антонио Кошта – претседател на Европскиот совет.
Следниот состанок на европските лидери со колегите од Западниот Балкан ќе биде во јуни, во Црна Гора.
Анита Димитријевска-Велковска
