Скопје

Скопје меѓу десетте најзагадени градови во светот

18.12.2025 16:13

Загадувањето на животната средина е вечна тема во главниот град. Густ смог и чад ги буди скопјани секое утро. Граѓаните постојано се жалат на кашлица, печење во очи.

Скопје изутрината се разбуди меѓу десетте најзагадени градови во светот, односно денеска сме на седмото место, но полека и сигурно се приближуваме кон врвот.

Концентрацијата на штетните ПМ 10 честички кои продираат длабоко во белите дробови, можат трајно да го оштетат здравјето. Граѓаните се жалат на здравствени проблеми.

Екологистите предупредуваат, нема безбедно ниво на загадување. Секое е штетно за човекот во поголема или помала мера. Аерозагадувањето во земјава годишно коси по 5 до 6 илјади човечки животи, велат, поднеле барања до локалната и централната власт. Резултати сè уште нема.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најавува сет на мерки за справување со аерозагадувањето кои би требало да дадат резултат на долг рок.

Енергетската ефикасност е клучна. Според екологистите Македонија има огромен потенцијал за да користи соларна енергија и на тој начин да бидеме и енергетски независни.

Александра Спировска