Локални избори 2025

Утре стартува кампањата за градоначалник во четирите општини

21.12.2025 12:51

Стартува кампањата за повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Ќе трае до 9-ти јануари на полноќ, гласањето е на 11-ти јануари.

Утре стартува кампањата за повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Ќе трае до 9-ти јануари на полноќ, гласањето е на 11-ти јануари.

Во трка се 5 партии и коалиции и еден независен. Невзат Бејта на повторените избори за градоначалник на Гостивар, поддржан од коалицијата „Вреди“, ќе го бара третиот мандат.

Негов противкандидат е Ваљбон Лимани од Националната алијанса за интеграција. Во Врапчиште, Исен Шабани е кандидат на НАИ, Зули Демири на Алијансата за Албанците, а Зулхајрат Демири на коалицијата „Вреди“. Според избирачкиот список, со право на глас во 4-те општини се нешто повеќе од 128 илјади гласачи.

Во 7 избирачки места, во Гостивар и 5 во Маврово-Ростуше има помалку од 10 избирачи, па тие своето право може да го остварат во најблиските избирачки места.