МВР
Двајца македонски државјани утрово загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Ниш
21.12.2025 10:59
Според првичните информации, возилото марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

Двајца македонски државјани утрово загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, јавуваат српските медиуми.
Според првичните информации, возилото марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. На самото место загинале на маж и жена – возачот и совозачот, а уште едно лице со тешки повредени е пренесено во болница.
Истрагата е во тек.
