Бесплатни елаборати за легализација ќе добијат социјално загрозените лица
Изготвувањето на потребната документација ќе падне на товар на државата, а ќе ја изработи Агнецијата за катастар на недвижности...

Бесплатни елаборати за легализација на дивоградби ќе добијат социјалците и оние чии примања годишно се под 168.000 денари по домаќинство. Од Владата апелираат сите што ги исполнуваат условите да не губат време и во забразана процедура да го легализираат својот дом.
„Тоа несомнено ќе има голема корист за нив, за нивните семејства, за целото домаќинство бидејќи ќе добијат сопственост на тој објект, што ќе придонесе за подобрување на нивната економска состојба“, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Изготвувањето на потребната документација ќе падне на товар на државата, а ќе ја изработи Агнецијата за катастар на недвижности.
Корисниците на социјална парична помош или на постојана парична помош само со потврда од центрите за социјални работи доставенa во катасатр ќе можат да добијат бесплатен елаборат. Оние, пак, чии примања се под 168.000 денари по домаќинство, ќе треба да достват само потврда од Управата за јавни приходи.
Рокот за пријавување тече од средината на август. Стотина граѓани веќе јаискористиле оваа можност.
Наташа Јанчиќ
