Опструкции за отвoрање на македонски паралелки во училиштата во Србија

06.09.2014 17:31

Од пред 2 години согласно законските норми, во Јабука крај Панчево се отворија 3 одделенија на македонски јазик. Но годинава барањето на родителите за отворање нови македонски паралелки и во други места, беше блокирано...

Во Србија почна учебната година, но не и за македонските првооделенчина кои сакаат да учат на македонски јазик. Од пред 2 години согласно законските норми, во Јабука крај Панчево се отворија 3 одделенија на македонски јазик. Но годинава барањето на родителите за отворање нови македонски паралелки и во други места, беше блокирано-констатира Борче Величковски од Националниот совет, кој е задолжен за заштита на културните и образовните права на македонската заедница во Србија-

Националниот совет и оваа година се обидува да го воведе македонскиот јазик со елементи на национална култура во Јабука и во две нови МЗ- тоа се Качарево и во Глогоњ, каде се појавуваат одредени бирократски проблеми, на кои во моментот не сме во можност адекватно да одговориме“, изјави Борче Величковски, претседател на НС на македонското национално малцинсрво- Р.Србија.

Во Глогоњ и Качарево крај Панчево, постои интерес за отварање на македонски паралелки и родителите веќе ги запишаа децата во училиштата да учат на македонски јазик.

„Јас го запишав моето дете да учи македонски јазик во нашето училиште Жарко Зрењанин во Качарево, затоа што сакам да учи македонски јазик и сега чекаме да почнат со тие часови на македонски јазик“, вели Душанка Маринковиќ- родител од Качарево, Р.Србија.

Досега никој нема соодветно одговорено на нашите писмени барања за решавање на проблемот, констатира Борче Величковски, кој ги посочува опструкциите за непечатењето учебници на македонски јазик.

„Веќе 6-та година букварите по македонски јазик не се печатат. Иако имаме паралелки за прво, второ и трето одделение, немаме сеуште ниту еден буквар, освен оние кои на своја иницијатива ги испечати Националниот Совет“, додава Величковски.

Македонскиот национален совет поднесе жалба и до Министерството за образование и до други надлежни институции во Србија.

Оливер Бранковиќ